Press "Enter" to skip to content

Уште еден стружанец во наредните три години во Битола, Кузмановски потпиша нов договор со Еурофарм Пелистер

Во клубските простории во Битола, Еурофарм Пелистер сооппти дека постигна нов договор со Цветан Кузманоски до до јуни 2025 година, а по вчерашната офоцијализација на договорот со Костевски, двете крилни позиции ќе бидат заземени од стружани.По одличните игри во дресот во Еурофарм Пелистер, управата на клубот му предложи и на 22 годишниот Кузмановски, а тој прифати нов тригодишен договор.По потпишувањето на договорот и официјалното фотографирање со директорот на клубот, Димитар Митревски, Кузмановски кој сега е и стандарден репрезентативец на Македонија, рече:-Ова е моја трета сезона во Битола. Задоволен сум, се навикнав на оваа  средина. Голем напредок во кариерата ми е што се префрлив во првиот тим, стигнав и во репрезентација и се надевам дека оваа сезона ќе ја оствариме нашата цел, да ги донесеме титулите во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »