Press "Enter" to skip to content

На “Паљо класик“, најдобрите билдери од Македонија и Балканот, на 1 октомври во Битола (фото+видео)

Една голема желба на билдерот од Битола, Зоран Лазарески – Паљо, да организира едно натпреварување кои ќе биде врв на натпреварите, титулите и победите и на неговата кариера како билдер и сестран спортист е пред реализација.  “Паљо класик“ ќе се одржи на 1. октомври во Битола, во спорската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, а за тоа Лазаревски ни рече:

-Подготовските се при крај, а според мене натпреварувањето може да започне уште денес. Се договорено, организирано, а на 1. октомври ќе се одржи еден квалитетен натпревар, каков битолчани и пошироката спортска јавност немаат видено. Идејата и желба која долго време ја имав, можеби десетина години, но не се направија услови да се реализира, можам слободно да кажам дека веќе е реализирани. По состанокот на боди билдинг федерација ја презедов организацијата. Ова ќе биде натпреварување кое ќе биде натпревар плус во календарот на Федерација, а ќе се одржи во Битола. Името е дадено заради тоа што мојот боди билдинг и фитнес клуб се вика “Паљо“ и се јавува како организатор, а јас Зоран Лазаревски – Паљо сум првиот апсолутен победник во самостојна Македонија во 1992 година.

За тоа кој ќе учествува на натпреварувањето Лазаревски вели:

-Ги поканивме сите, првата идеја беше натпреварот да биде државен, ни ја одлучив да биде отворен натпревар и да има билдери од цел Балкан, што се надевам дека и ќе се оствари, ќе има пријави од Србија, Хрватска, Романија… Битолчани ќе имаат прилика да гледаат квалитетни билдери најдобрите од Македонија во машка и женска конкуренција, а тука ќе биде и светската шампионска од Македонија, Мери Акиевска, која како јуниорка победува во сениорска конкуренција, а за битолските билдери вели:

-Не можи да нема битолчани на “Паљо класик“, кога Битола е град на билдерите уште од Југославија. Од мојот клуб ќе има шест пријавени, четири машки и две женски, а кој и со каков квалитет ќе учествува на натпреварот ќе видите на 1. октомври.

Лазаревски за наградниот фонд додава:

-Не само во оваа криза која е сега туку и порано, никогаш немало награден фонд на натпреварите освен во Битола, кога јас сум организирал. Сега имаме 5.000 евра награден фонд, кој веќе е обезбеден. Тоа е една стимулација на билдерите, а не некоја помош, бидејќи подтотовките за настан бидерите ги коштаат многу, многу повеќе, но ова ќе биде еден мотив плус и една сатисфакција за нивниот труд.

Текст и фото: С.Ристевски         Видео: Агим Џело

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »