Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: започна 21. по ред фестивал на сериозна музика “Интерфест“ во Битола

Во Големата сала на Центарот за култура во Битола, со настапот на дувачкиот оркестар при Универзитетот “Гоце Делчев “ од Штип, започна годинашниот, 21 интернационален фестивал на сериозна музика “Интерфест 2012“ започна со своите сеќавања за овој значаен битолски бренд на Битола, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство, и додава:

-Универзитетскиот дувачки оркестар настапи под диригенство на Ванчо Самоников и солистичките настапи на Весна Гиновска – Илкова, сопран, Кирил Рибарски, тромбон, како и Зоран Казаков, труба кои изведоа дела од Бетовен, Верди, Пучини, Шуберт, Чајковски. На “Интерфест 2012“ настапија македонски уметници, се со цел да се сврти вниманието
од денешната шунд и турбо-музика кон македонската класична уметност.

На 11 денови додека траеше фестивалот публиката уживаше во бројните настапи “Интерфест“ го затвори камерниот оркестар при Факултетот за музичка уметност од Скопје.

На Фестивалот ќе настапи и битолското трио “Интерар“, кое веќе има стекнато меѓународна
слава. Од странство гостуваа Норберт Ангер и Николај Герасимец од Германија, Милена Молова од Бугарија, Марко Солини и Салваторе Барбатано од Италија и други. Паралелно  се одржа и натпревар за пијанисти.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »