Press "Enter" to skip to content

Двете екипи на Еурофарм Пелистер со победи во Супер ракометната лигата

Радовиш – Еурофарм Пелистер 21:37

Голден Арт – Еурофарм Пелистер 2 20:28

Двете екипи на суперлигашот од Битола, кои го носат името Еурофарм Пелистер забележаа победи на гостувањата во рамките на продолжувањето на Супер лигата.

Екипата на Еурофарм Пелистер го совлада убедливо тимот на Радовиш, со резултат 37:21. Најефикасен беше Ненад Костески со 8 погодоци, додека Павле Атанасијевиќ, Мирко Радовиќ и Усама Хосни постигнаа 6. Еурофарм Пелистер настапи во состав Лесјак, Кизиќ, Ојлески, Маџовски, Кузманоски 2, Стоилевски, Радовиќ 6, Танкоски 4, Хосни 6, Костески 8, Кукоски, Ѓорговски 1, Васиљев 1, Суси, Пешевски 2, Пав. Атанасијевиќ 6

И ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 запишаа победа во домашната Суперлига. Тимот на Александар Јовиќ славеше на гостувањето кај Голден Арт со резултат 20:28 во рамки од четвртото коло.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »