Press "Enter" to skip to content

Пелистер победник на “Вуко Каров“ без примен гол, по италијански систем

Екипата на Пелистер од Битола е победник на традиционалниот фудбалски турнир “Вуко Каров“, кој викендов се одигра  во Кавадарци по 22. пат. “Пелистерци“ добро ги одиграа натпреварите кои се играа по “италијански“ систем, секој натпревар по едно полувреме, во траење по 45 минути. 

Пелистер освои 4 бода со кои бее победник на турнирор, без примен гол. Второ пласирана беше екипата на Победа со два бода и Тиквеш со еден бод. 

На отворањети Тиквеш и Победа одиграа 1:1, а Пелистер и Победа без голови.  Одлуката падна во дуелот на домаќинот Тиквеш и Пелистер, во кој “пелистерци“ победија со  1:0, со голот на Никола Наумоски. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »