Press "Enter" to skip to content

“My name is Medeja“, претстава за женската моќ, нова премиера на Народниот театар од Битола

Ансамблот на Народниот театар од Битола вечер на големата сцена “Благој Стефановски – Баге“ ќе ја изведе премиерата на претставата “My name is Medeja“ во режија на словенецот Себастијан Хорват, а според драматизација на Милан Рамшак Марковиќ од Србија.

-“My name is Medeja“, e претстава за женската моќ. Главната хероина, економска мигрантка од Балканот која заминала во Швајцарија, е вклештена помеѓу немилосрдната и безлична бирократија, од една страна, и расипаноста на поранешниот маж, од друга. Медеја се бори, но секој чекор што ќе го направи како да ја турка сѐ подлабоко кон дното и соочувањето со поразот. Во моментот на целосна немоќ, таа сепак пронаоѓа надеж, но надвор од координатите во кои се движела дотогаш (митска омнипотенција/тотална немоќ) – откривајќи дека вистинската сила секогаш се наоѓа во односот со другите. Твојата болка не е само твоја, исто како што и твојата борба не е само твоја, вели драматургот Рамшак Марковиќ.

Во “My name is MEDEJA” настапуваат Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Катерина Аневска – Дранговска, Викторија Степановска – Јанкуловска, Јулијана Мирчевска – Мавровска, Иван Јерчиќ, Здравко Стојмиров, Соња Михајлова, Васко Мавровски, Сандра Грибовска – Илиевска, Анастазија Христовска, Никола Стефанов, Кристијан Танчевски.

Музика за претставата компонираше Драго Ивануша,  сценограф е  Валентин Светозарев, костимографијата ја потпишува Андреј Ѓоргиевски, а светло – мајстор е Игор Мицевски.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »