Денес во просториите на НУУБ “СВ. Климент Охридски“ во Битола се одржа 17. по ред „Роднокрајна средба со битолските писатели“. На средбата присуствуваа: Елизабета Јончиќ, Добре Тодоровски, Љубе Митрејчевски, Сања Видановска-Мучкајева, Михајло Свидерски, Славица Свидерски, Кире Неделковски, Златко Жоглев, Даниела Андоновска-Трајковска, Мирјана Стојановска, Зоран Пејковски и Милица Димитријовска-Радевска.
Оваа година средбата беше од отворен тип на која покрај битолските писатели присуствуваа и ученици од СОУ„Таки Даскало“ и ОСМУ„Д-р Јован Калаузи“-Битола и останати гости.
Средбата ја отвори директорот на НУУБ„ Св. Климент Охридски“-Битола, м-р Бојан Стефановски кој им се обрати на присутните гости и се заблагодари на библиотекарот советник во пензија Николче Велјановски за досегашното негово ангажирање во организирање на роднокрајните средби. А на новиот координатор на проектот м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски и посака успешна работа.
На средбата присутните имаа можност да слушнат нови дела на битолските писатели и да им постават низа прашања. На оваа средба се разговараше и за воведување на наградата „Роднокраен автор на годината“ во неколку категории како и за критериумите за добивање на наградата.

Во Библиотеката 17. Роднокрајна средба со битолските писатели



More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје










