Press "Enter" to skip to content

Пелистер поразен во финалето во Бугарија, Илиевски задоволен од прикажаното

Спартак Плевен – Пелистер 94:89

Кошаркарите на Пелистер од Битола го освоија второто место на турнирот “Георги Христов“ во Ботевград откако беа совладани од Спартак Плевен со 94:89 во големото финале. Кошаркарите од Битола успеаја да му парираат на противникот во поголемиот дел од мечот, во во финишот попуштија.

Тренерот Марјан Илиевски за настапот на Пелистер на овој за нив втор турнир во Бугарија за кратко време рече:

-Почнавме пред извесно време и како комплетен тим се заедно кратко време, но сум задоволе од тоа како тренираме и како функционираме, а ќе дополнам врднаш, се подобро и подобро. Иако сме поразени во финалето  во Бугарија јас, а верувам и останатите се задоволни од прикажаното, бидејќи како знаеме си заминаа скоро сите странци, а дојдоа нови имиња, засилени со неколку домашни кошаркари.  Како одминува времето ќе бидеме се подобри и подобро ќе функционираме.

Првиот контролен натпревар на домашен терен екипата на Пелистер ќе го одигра в понеделник од 19 часот во спортската сала “Боро Чурлевски“ против новиот прволигаш Чаир. 

Фото: ФБ Спартак Плевен

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »