Press "Enter" to skip to content

Неџип Сулејмановски и Мери Акиевска апсолутни победници на првиот “Паљо Класик“ во Битола (мегафотогалерија)

Вечерва во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, пред околу илјада љубители на боди-билдингот од Битола се одржа првиот “Паљо Класик“ натпревар во боди- билдинг во организација на Зоран Лазаревски – Паљо, неговиот фитнес клуб “Паљо“ и боди билдинг федерацијата на Македонија.Натпреварот го отворија Зоран Лазаревски и Бобан Ѓоровски престедател на Федерацијата, а натпреварите беа во машка и женска конкуренција.-Конечно мојот сон се оствари и вечерва се одржува првиот “Паљо Класик“ натпревар во Битола, кој се надевам дека од година во година ќе “расти“. Им посакувам одличен натпревар на билдерите и билдерите, бидејќи да се излезе на бина на било кој натпревар не е мала работа, посебно во Битола, во градот на билдерите, рече Лазаревски.Горовски го отвори натпреварот со зборовите дека Битола секогаш имала голем број на билдери кои победувале на меѓународни натпревари, и му се заблагодари на Лазаревски за тоа што се нафати да организира еден ваков натпревар кој бара многу труд, организација, пари…Апсолутен победник во машка конкуренција на првиот “Паљо Класик“ е Неџип Сулејмановски, а во женска конкуренција Мери Акиевска.Организаторите на турнирот му доделија посебни награди, пехари, на Таше Трпшевски од болница “Плодност“ и Пеце Стојаноски од “Хард кор шоп“ од Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »