Press "Enter" to skip to content

Благој Димитриев го засили вицешампионот Пелистер

Кошаркарскиот вицешампион на Македонија, Пелистер од Битола доведе уште едно ново име непосредно пред почетокот на новата сезона. По неколкудневна проба, клубот потпиша перманентен договор со Благој Димитриев, млад кошаркар од Свети Николе.

Овој 22-годишен талент доаѓа во Битола од Струмица, клуб за кој настапуваше до минатата сезона. Димитриев, кој игра на крилните и високите позиции, одигра неколку контролни натпревари и ќе биде вклучен во ростерот за домашните натпреварувања и АБА2 лигата.

Пред потписот на овој 202 сантиметри висок кошаркар, Пелистер се засили со Хаџифејзовиќ, Мустафица, Сапунџиев, Јовановски, Ристовски, Двојаковски и Американците Донтеј Карутерс и Донован Доналдсон.

Битолчани викендов дебитираат во домашниот шампионат со гостување кај Гостивар, а потоа првиот домашен натпревар го играат против Работнички. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »