Денес, среда, 5 октомви во кино “Манаки“ Културно информативниот центар – Битола со почеток во 20 часот ќе се прикаже ревија на 5 кратки филмови кои имаат добиено “Златна потковица“ на последните изданија на „Астерфест“.
Тоа се: американскиот “Виолината на Џо“ на Кахане Куперман, македонскиот “Кружно патување на монахот“ на Жарко Иванов, грчкиот “Мари“ на Панајотис Краварис, францускиот “Вдовицата Саверини“ на Лоик Гајар и иранско-францускиот “Сведок“ на Али Азгари.
Вкупното траење на проекцијата е 90 минути.
Влезот е слободен.











