Викендов во Скопје се одржа Државно првенство во бокс за деца, кадети, јуниори и сениори, на кое настапија и боксерите на БК Пелистер од Битола. На ова државно првенство посебно изненадија младите боксери на Пелистер, кои освоија три златни и еден сребрен медал.
Во кадетска категорија победници се Адријан Рустемовски до 57 кг и Ален Рустемовски до 60 килограми. Во јуниорска конкуренција победник е Ружди Рустемовски во категорија до 63,5 кг., додека во сениорска конкуренција сребро освои Рамон Казимов во категорија до 67 кг.
Тренерите на Пелистер, Јове Петровски и Златко Мурџевски се задоволни од настапот на битолските боксери во поединечна конкуренција и освоените медали. Што се однесува пак до екипна конкуренција, додаваат дека Пелистер се наоѓа во горниот дел на табелата по 5 кола.
По 6. коло кое ќе се одржи во Прилеп на 22 октомври Пелистер ќе биде организатори на 7. коло во Битола, а во спортката сала “Боро Чурлевски“ ќе се претстават со поголем број на боксери, а сите ќе бидат подготвени за победа, за освојување бодови и искачување на повисоко место на табелата во екипна конкуренција.
Резултати:
Кадети:
57 кг – Адријан Рустемовски (Пелистер) -Лука Трифуновиќ (Илинден) 2:0
Јуниори:
63,5 кг Ружди Рустемовски (Пелистер) – Енис Алиу (А. Огненовски) 2:0
60 кг -Ален Рустемовски (Пелистер) – победник без борба
Сениори:
67 кг Илхан Озмен (Униврезалци) – Рамон Казимов (Пелистер) 2:0









