Џудо клуб Пелистер од Битола учествуваше на меѓународниот натпревар во Прилеп насловен “Прилеп град херој“ организиран од џудо клубот Сеишин, кој се одржа во салата на училиштето “Ристе Ристевски – Ричко“.
На овој турнир во Битола кој учествуваа 42 екипи од целиот балкан, од Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Грција, Косово.
Екипата на Пелистер ја предводеше тренерот Ѓуро Илиќ, а од екипата медал освои 17 годишниот Филип Димовски, кој го освои второто место во својата категорија.
На овој турнир покрај борбите за медали имаше и промоција на книгата “Поуки на големите мајстори на џудото“ од авторот Зоран С. Миловиќ – 8 дан, а преводот на македонски јазик го направи ветеранот на Сеишин, Киро Здравевски, а дел од промоцијата беше и Ѓуро Илиќ.









