Засилувањето на КК Пелистер од Битола, кошаркарот Донован Доналдсон, кој пред неколку дена беше опериран по сериозната повреда во Гостивар, вечерва беше во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, го следеше натпреварот на трибината и им даваше поддршка на своите соиграчи на паркетот. Доналдсон иако се движење со помагала, на одморот отиде во соблекувалната, а на секоја добро одиграна акција или постигнати атрактивни кошеви стануваше и аплаудираше на колегите.
Доналдсон имаше кинење на тетивата и беше на оперативен зафат, кој мина во најдобар ред и кошаркарот го започна процесот на рехабилитација, а на терен најверојатно ќе се врати во вториот дел на сезоната.

Фото вест: Донован Доналдсон со гипс на ногата им даваше поддршка на неговите соиграчи
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево, температурата до 22 степени
- Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала
- Осветен големиот крст кај црквата “Св. Ѓоргија“ во Паралово (фото)
- Мал привремен кино салон под отворено небо: Utopia и 3D кино со “Странецот“ (фото)
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето
- Големо светско признание за Ѓуро Илиќ од Битола во Јапонија промовиран за носител на мајсторски, црвен, појас 10 дан
- Фудбалерите на Пелистер го победија Охрид како домаќини во Новаци, сега се првопласирани









