-Една идеја која во Битола започна да се реализира, а за која лично сметав дека ќе биде успешно реализирана, филмскиот град во старата касарна, се затвори додека беше уште не до изграден во октомври 2012 година, започна да го раскажува своите сеќавања за Битола пред 10 години, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Филмскиот град кој беше изграден, во старата касарна, кај топланата или под “авионите“ како битолчани го викаат оваа место, интензивно се градеше за снимањето на турската серија “За Балканот 1912“, за жал не се изгради целосно и не започна со целосно искористување на капацитетите наменети за таа цел.
За снимањето на оваа турска серија во старата касарна се изгради една цела битолска чаршија каде беа снимени првите сцени од првите епизоди од серијата.
Филмската екипа од Турција неочекувано за сите познавачи на филмските прилики го прекина снимањето и си замина од Битола, а според првите информации од одговорните требаше да снимаат 3 и повеќе години и многи епизоди. Причината за прекинот и замину вањето за Турција следуваше по премиерата на првите епизоди, неофицијално беше нискиот рејтинг кој го забележале првите епизоди.
Во серијата “За Балканот 1912” играа многу познати глумци од Турција, а освен нив во серијата учествуваа и голем број актери од Македонија, како и голем број битолчани, во улога на статисти.

Деновиве пред 10 години: филмскиот град недоправен, по снимени неколку епизоди, прекина со работа (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Идеатон“ натпревар на идеи за сообраќајно инженерство и графички дизајн во рамки на 65 години Технички факултет – Битола (фотогалерија)
- ЈКП “Нискоградба“ Битола со известување за дефект
- ЈКП “Водовод“ започна изградба на нова водоводна мрежа на улица 170-та во Битола
- 25 години од заседата кај Вејце каде загинаа четворица битолчани
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 23 степени










