Вечерашниот ракометен натпревар во Битола, прв во оваа “европска“ ракометна сезона започна (не) очекувано, со дувачкиот оркестар на Битола, чии членови изведоа марш низ теренот, предводени од диригентот Бакревски, а сето тоа наиде на голем аплауз.
По првиот почетен удат на двете трибини во салата “Боро Чурлесвки“ навивачите направија “фудбалска“ кореографија, со подигнување во воздух на зелени и бели хартии во знак на боите на дресовите на ракометарите со зелено-бела боја.
Натпреварот помина со навивање, а публиката ги бодреше навичите и моментите кога противникот имаше и четири гола предност, а но за жал и тоа не помогна “пелистерци“ резултатски да се вратат.
Добра ракометна атмосфера во Битола, но поразот си го направи своето, а публиката на крај со аплауз ги испрати двете екипи, со надеж дека првите европски, домашни, бодови ќе ги прокнижиме во ноември.
[ngg src=”galleries” ids=”1222″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]










