Како дел од програмата, по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола, синоќа беше отворено 30 издание на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“. Фестивалот го отвори заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски, кој нагласи дека, годинава публиката ќе има можност да проследи 25 филмови од 11 различни држави, односно 11 различни филмски култури и продукции.
-Натреварувачкиот карактер на овој фестивал според мене е чисто од мотивациски аспект бијдеќи сите прикажани филмови ќе бидат победници, зашто сите ќе ја кажат својата приказна и ќе ја пренесат својата порака до публиката, онаа за која биле наменети. Богатата филмска понуда на овој веќе традиционален културен настан ќе ги почести љубителите на филмската продукција и ќе им даде можност да ја збогатат својата филмска ризница, тука во Битола ќе имаат можност да сведочат на светска култура која што ќе ги обиколи и другите филмски сцени низ Европа и Светот. Фестивалот на аматерски документарен филм Камера 300 во чест на прославата на 4 ноември – Денот на ослободувањето на Битола е симболичен, но и силен културен импулс не само на културната сцена во нашиот град туку и пошироко во рамки на државата и надвор од нејзините граници, рече заменик градоначалникот Бојкоски.
Жири комисијата на фестивалот, одлучи највисоката награда гран-при, наградата „Плакета Милтон Манаки“ за најдобар филм на фестивалот, да ја додели на филмот „Охридските хотели – Хотел Радиќ“, на авторот Љупчо Паунковски.

Гран-при наградата “Плакета Милтон Манаки“ на фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ за Љупчо Паунковски
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје










