Вечерва во свечената сала на Офицерскиот дом во Битола беше промовирана книгата на професорот Александар Стерјовски, која како рече има наслов Битола, а поднаслов Музика, која е осма по ред книга од “Десеткнижието“ за Битола.
Промотор на книгата беше битолчанецот проф. д-р Сашо Татарчевски, кој рече дека книгата е одличен извор на било какви информации за музиката во Битола, а меѓу големиот број хронолошки наредени случувања, свое место има и битолското музичко училиште.
Професорот Стерјевски се обрати на присутните и изрази благодарност до организаторите и домаќините на овој настан, за да продолжи:
-Благодарност до издавачот на книгата за која како и другите претходни пет, помагател е почесниот конзул Силјан Мицевски. Сите мои книги освен оние издадени во Скопје, технички перфектно ги уредил Петар Илиевски кој вечерва се наоѓа тука и го поздравувам и изразувам голема благодарност до него. Оваа книгата „Музика“ е осма по ред од битолското десеткнижие. Пред да започнам со работа на “Десеткнижието“ имав фонд на објавени книги, тоа се мои истражувања посветени на слепите гуслари во Македонија. Тоа беа “Последниот охридски гуслар“ и “Македонските слепи гуслари“ во издание на Македонска матица. аради моите истражувања на оваа тема материјалот за оваа книга „Музика“ осма по ред беше собран скоро веднаш.
-Првата книга од серијалот ќе кажам дека бев поттикнат да ја напишам. Кога започнав да собирам материјали, а започнав од Архивот во Битола. Забележав дека има доста материјал. Уште тогаш ми дојде идеја за “Десеткнижие“. Прибирав материјал од секаде, не само од битолскиот Архив, патував Скопје, потоа во Народната библиотека во Белград, Софија каде има многу материјал за Битола… Собрав многу материјал за сите десет книги и ми беше полесно. Заради моите претходни долгогодишни истражувања на оваа тема материјалот за оваа книга „Музика“ осма по ред беше собран скоро веднаш. За десетина години скоро сум готов со сите десет книги. Деветта исто така е готова. Напорно е, не велам не.
За творечката работа, Стерјовски цитираше еден естет и рече:
-Немојте да мислите дека се роди книжевно дело дека е тоа само метафора, истите маки се поминуваат создавајќи го тоа книжевно дело.
Насловот на книгата „Музика“ стои генералниот наслов на оваа едиција, а тоа е Битола и поднаслов темата Музика што се обработува, потоа Битола реката Драгор, Битола Театарот…“ Извадоци од текстовите читаше битолскиот актер Петар Мирчевски.
Медијатор на промоцијата беше директорот на музичкото училиште од Битола, Кирил Стојчевски, а учениците од ова училиште со своите настапи ја збогатија содржината на оваа промоција.
Со оваа книга професорот Александар Стерјовски на својата Битола и подари најубав подарок за праникот 4. Ноември.

Промоција на книгата “Битола – Музика“ од “Десеткнижието“ за Битола, на професорот Александар Стерјевски (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје










