Националната установа Универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски“ – Битола и ОУ “Даме Груев“ од Битола, заеднички го одбележаа Месецот на книгата и Меѓународниот месец на училишните библиотеки.
-Изминатиот период беше распишан ликовен и литературен конкурс. Среќни и горди сме што пристигнаа голем број квалитетни и креативни литературни и ликовни творби. Во врска со активноста формирана е комисија на избор на најквалитетните творби, кои навистина изобилуваа со својот квалитет и креација при што комисијата имаше сериозна работа да ги избере најуспешните, рече директорот на Библиотеката, Бојан Стефановски.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и ОУ „Даме Груев“ – Битола ги доделија следниве награди за ликовен конкурс за ученици од основните образованија, а беше реализиран с0 библиотекарките Билјана Герас и Роза Јовановска и директорката на ООУ „Даме Груев“ – Битола на Билјана Дамчевска, кои помогнаа во соработката, интересот и мотивот сите да бидат дел од нашите активности со цел поголема популаризација на читањето на книги и посета на нашата библиотека, како и на учениците.
Во холот на библиотеката е поставена изложба од креативните литературни и ликовни творби од настанот.
Инаку, официјалното одбележување на Денот на библиотеките започна во 1999 година на иницијатива на УНЕСКО. Овој статус првпат го објави претседателот на Меѓународната асоцијација на училишни библиотеки, Питер Јенко, во 2005 година. Во 2008 година координаторот на проектот објави дека еднодневниот празник се претвора во меѓународен месец, односно од тој момент во октомври е месецот на училишните библиотеки.

Доделени награди и отворена изложба по повод октоври месец на книгата
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје










