Вечерва во салата на Народниот театар од Битола концерт одржа Битолскиот симфониски оркестар, кој како рекоа е концерт кој ретко се случува во нашиот град Битола, а со вечерашниот концерт уште еднаш докажа дека има огромен квалитет и може да се носи со сите предизвици.
На концертот на Битолскиот симфониски оркестар, покрај изведувачи од Битола и музичари од Србија, како солист на виолончело настапи Милтијадис Касарас од Грција.
Пред битолската публика Битолскиот симфониски оркестар и гостите изведоа дела од Бетовен, Шуберт, Хајдн и Елгар.
Ова беше уште еден музички настан во рамките на Програмата за одбележување на 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола.
[ngg src=”galleries” ids=”1248″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]











