Друштво за македонско – полско пријателство и соработка “Висла” – Огранок во Битола и Државно музичко училиште – Битола, синоќа во Битола, во Офицерскиот дом организираа Шопенова вечер, односно концерт на млади музички таленти од Битола.
На учениците, професоркиот кадар и гостите, по завршувањето им се обрати претставник на Полската амбасада кој рече:
-Чест и задоволство е да се биде дел од концертот, да можам да слушам музика на Шопен, посебно што концертот е организиран два дена пред државниот празник на Полска, 11 ноември. Сакам да се заблагодарам на сите учесници на младите пијанистки, на рецитаторките, а сите заедно успеаја да создадат неверојтна атмосфера на концертот. Им честитам и за високото ниво на изведба на Шопен, кој вооппто не е лесно да се изведе.
На концертот шопенови дела ги изведоа дваесетина млади битолски таленти кои се школуваат во Државно музичко училиште – Битола, Марко Буџаковски, Алексеј Белевски, Јане Петровски, Теона Буџаковски, Деспина Куновски, Софија Славкоска, Тамара Василевска, Деа Ивановска, Лина Димовска, Софија Михајловска, Кристијана Илиевска, Зорица Јовчева, Матеа Стојаноска -, Анастасија Петреска, Давид Стојчевски, Аница Нелоска, Николче Петкоски, Димитриј Стојчевски, Јована Арсоска, Андреа Николовска, Леонардо Димоски, Михаил Јагуриноски и Арсениј Ангелески.
Текстовите ги читаа и рецитираа Вероника Спасевска и Јована Спасевска.

Се одржа Шопенова вечер, настапија ученици на Музичкото училиште
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје










