Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: Пелистер – Вардар, кога беше вистинско дерби во Битола (фотогалерија)

-Кога ќе зборува за вечно фудбалско дерби, веднаш асоцијацијата е натпревар помеѓу Пелистер и Вадрар во Битола, па така беше и пред 10 години, кога во ноември 2012 година во Битола се играше одложениот натпревар од четвртфиналето од македонскиот куп, каде Пелистер е поразен со 0:1, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство, кој веднаш од својот новинарски бележник го прочита и составот на Пелистер.-Коруновски, Китановски, Т. Магловски, Т. Вељановски, Лазаревски, С. Магловски, А. Вељановски, Ристевски, Миленковски (од 80 м. Рутевски) Главевски (од 75 м. Димитровски -) Б. Марковски. Тренер: Миле Димов. Капитен: Димче Ристевски.-Фудбалерите на Пелисер не успеаја да ја прекинат лошата серија ниту против натпревар во Купот, во кој дома под Тумбекафе ја пречекаа екипата на Вардар, од која е поразен мининално, иако во текот на целиот натпревар немаа подредена улога во однос на актуелниот шампион, вели Миновски, а додава и дека “пелистерци“ голот го примија во моментите кога играа најдобро на оваа средба, додава Миновски.Поради забраната за организирано доаѓање во Битола, “комитите“ не допатуваа Битола, а од страна на полицијата не им беше дозволено да допатуваат ниту во приватна режија, а тие кои со автомобили допатуваа до Битола од припадниците на МВР не им беше дозволено да го следат мечот. Така ова вешно дерби на македонскиот фудбал помина без навивачки дуел, но се она што го прави овој натпревар вечно дерби го имаше, публика, пиротехника, навивање, транспаренти, полиција, борбени возила, специјалци…

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »