Press "Enter" to skip to content

Графичка средба на двајца битолски и македонски великани Ранко Струмениковски и Васко Ташковски (фотогалерија)

Логоа кои се заштитен знак за многу битолски компании, “Епинал“, “Пелистерка“, “МНД“, “Прехрана“, “Битолатекст“, “Јавор“…  се дело на уметникот Ранко Струмениковски. Со ова мисијата на Ранко за Битола целосна посветеност во творештвото, туку успеа да ја разоткрие пред јавноста графиката, главна хемија во ликовната уметност, во време кога во Битола немаше графички преси, кога немаше ни хартија за графика. По него се јавуваат уште неколку графичари кои имаа значајна улога низ светот, па затоа неслучајно во Битола е и графичкото триенале. Битола е еден од центрите на графиката во светотот, благодарение на Ранко. (Владо Ѓоревски Рафик).Музеј, галерија и ателје “Ранко Струмениковски“беше место каде гоем број уметници, вљубеници во уметноста  присуствуваа на изложба на двата великани уметниците Ранко Струмениковски и Васко Ташковски.Изложбата насловена како “Графичка средба на двајца битолски и македонски великани“ се организира во чест на 17 ноември датумот на раѓање на уметникот Ранко Струмениковски.Исто така и одбележување на една година од отворањето на Музеј, галерија и ателје “Ранко Струмениковски“во Битола. Овој уметнички простор е модерно уреден и отворен по повод 85 години од раѓањето на Струмениковски минатата година на 17 ноември 2021 година.Во музејот, галерија и атејле се сместени околу педесетина графики на Струмениковски, дел од изработените логоа и дел од неговите лични работи, на два ката, кои се убаво и наменски уредени. Присутните имаа можност во еден пријатен простор и атмосфера да уживаат во  изложените  дела од обемното графичко творештво на двајцата уметници.Академик Васко Ташковски неуморно твори и денес, во својата деветта деценија, тој е сликарска легенда, жива подвижна сликарска уметничка лабораторија кого никого не остава рамнодушен. Особено продуктивен и во последниов период, а дел од неговото творештво, минатата година предизвика огромен публицитет и интерес во Националната галерија во Даут Пашиниот амам во Скопје.Изложбата ја отвори  новинарот Драган Ристевски. Ликовниот уметник Панде Петровски даде еден уметнички осврт на изложбата. Тања Струмениковска ќерка на Ранко читаше поезија од нејзиниот татко ракописи од неговата младост и на Васко Ташковски од поново време.Музеј, галерија и ателје “Ранко Струмениковски“ Битола додели благодарница на нашиот портал “Bitolanews“ за придонес и ангажман во проектот “Придонесот на Ранко Струмениковски во македонската графика“.

Жанета Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »