Press "Enter" to skip to content

Со концертот “Лилит меѓу луѓето“ заврши фестивалот “Музиката од светот“ (фотогалерија)

Годинешното издание на фестивалот “Музика од светот“ во Битола кое се одржа под слоганот “Време е за светскиот звук, дома. Дојди, откриј нова музика“ со која Центарот за култира од Битола, сака да го привлече вниманието на пошироката публика, синоќа заврши со настапот на групата “Лилит“.Синоќа, еден македонски бенд, за крај на фестивалот, не водеше на музичка прошетка низ нивната музика која е симбиоза од различни музички стилови, крунисана со нивниот препознатлив џез призвук, а тоа воедно беше концертна промоција на “Лилит меѓу луѓето“.

Инаку, веќе 14 години, Фестивалот на музика од светот не весели со најшарената понуда на музика од светот. Жанр, кој добива на значење во последната деценија и на кого се посветени цели фестивали. Таков е и овој во Битола, понуди музика од различни меридијани.Фестивалот беше отворен со концерт на JOANA AMENDOEIRA, познатата светска фадо пејачка и нејзиниот бенд од Португалија. Во саботата пред битолчани настапија групата “Фонтана“ и камерниот оркестар “IWConnect“ со специјалните гости Даница Крстиќ – вокал од Србија, Ангел Демирев – гитара од Бугарија и Џамбо Агушев – труба од Македонија.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »