Press "Enter" to skip to content

Заврши интердисциплинарниот проект “Театар на личноста“, одржани десет работилници

Деновиве во просториите на “Интимен Театар“ во  Битола, се одржаа последните две театарски работилници од интердисциплинарниот проект “Театар на личноста“ или театарот како алатка за подобрување на менталното здравје и зголемување на квалитетот на живот на социјално загрозените семејства и ранливите категории.

Овај проект траеше од 15. август до 20. ноември, и во него зедоа учество над дваесет деца од социјално загрозени семејства, како и триесет стари лица од Приватната установа за социјална заштита на стари лица “Дом Софија“ од Битола.Работилниците ги водеа режисерката Софија Ристевска Петрушева, актерот Валентин Дамчевски и танчерот Борис Богдановски. Овие театарски и танцови работилници беа наменети за развивање на креативноста на децата од социјално загрозените семејства и старите лица, со што се влијаеше позитивно врз подобрувањето на нивното ментално здравје и подобрувањето на нивниот квалитет на живот. Уметноста го развива чувството за припадност и работа во група, се развива идејата за светла и креативна иднина, се обновува животната сила, се стимулира фантазијата и се акумулира позитивен начин на размислување.

И точно заради сево ова, овие театарски работилници во овие три месеци, го исполнија секојдневието на децата и старите лица, со многу радост и насмевки. Во периодот од 15. август до 20. ноември, се одржаа десет театарски и седум танцови работилници, а проектот беше поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »