Press "Enter" to skip to content

Павле Атанасијевиќ останува “пелистерец“ до 2026 година, денес го потпиша новиот договор (фото)

РК Еурофарм Пелистер од Битола со особено задоволство ја информира јавноста дека го продолжи договорот со еден од најталентираните ракометари во клубот и во Македонија, Павле Атанасијевиќ.  19-годишниот бек ја игра третата сезона во семејтвото Еурофарм Пелистер, прва во тимот кој го предводи Ларс Валтер. Новиот договор кој го потпиша денес во клубските простории во Битола е со важност до јуни 2026 година.

Веруваме дека Атанасијевиќ ќе го продолжи развојот и уште долго ќе остане во нашиот клуб. Со овој потпис продолжува трендот за доведување и задржување на најталентираните млади македонски ракометари во нашето ракометно семејство.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »