Press "Enter" to skip to content

Доминација на битолските стрелци на државното првенство во стрелаштво за основни и средни училишта (фото)

Во стрелиштето за воздушна пушка и пиштол во Битола се одржа државно првенство во стрелаштво за основни и средни училишта во машка и женска конкуренција со воздушна пушка. На ова државно првенство учествуваа 40 ученици од нашата држава.Првенството за отворено го прогласи Бојан Бојковски, заменик градоначалник на Битола, а просуствуваше и потпретседателот на Федерацијата за училишни спортови.Претседателот на Сојузот за училишен спорт од Битола, Михајло Трампевски, вели дека се радува што уште едно државно првенство се одржува во Битола и тие се домаќини на најдобрите стрелци од основно и средно образование, кои покажале одлични резултати, посебно стрелците од Битола.Победник во машка конкуренција кај основните училишта е Вања Арсиќ од ОУ “Климент Охридски“ од Битола, второпласиран е  Давид Соколовски ОУ “Тодор Ангелевски“ од Битола и на трето место е Андреј Вељановски од Битола.Во женска конкуренција првопласирана е Емилија Тренческа од ОУ “Кирил Гавриловски Јане“ од Прилеп, второпласирана е Анастасија Мангаловска од ОУ “Тодор Ангелевски“ од  Битола, а на трето место е Марија Трампеска од ОУ “Св. Климент Охридски“ од Битола.Кај средношколците победник е Никола Караѓорѓев  од Кавадарци, второпласиран е Мартин Димитријоски од Прилеп и на трето место е Филип Гически од Прилеп.Кај средношколките државен првак е Магдалена Ристеска од Прилеп, на второ место е Лела Стојановска од Битола и на трето место е Теодора  Христова од Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »