Press "Enter" to skip to content

Корзика и Битола или приказна за едно долго пријателство (фотогалерија)

Асоцијацијата  “Per a Pace“ / „“За мир од Корзика“ со бројни солидарни активности е присутна во Битола од 1997 година. И не само со солидарни активности, односно хуманитарни донации, претежно насочени кон Домот за доенчиња или Клиничката болница, но и со различни културни иницијативи (театар, музика, изложби…) во соработка со Народниот театар и особено со хорот “Стив Наумов“ – Битола.Низ  сите ове години на едно искрено и долго пријателство се реализираа бројни патувања, средби и посети –  Жак Казамарта, претседателот на Асоцијацијата ги предводеше мисиите  на Корзиканците во Битола, но и Битолчаните  беа чести гости  на “островот на убавината “како што се нарекува Корзика. Можеби рекордот го носи токму хорот „Стив Наумов“ којшто со својот младински или мешан состав  неколку концерти се претстави пет пати пред корзиканската публика.На пропатување за својата последна хуманитарна мисија во избеглички камп во Грција, Жак Казамарта не пропушти да го посети нашиот град. И не пропушти да оствари средба со хористите, со неговиот пријател, сега уметнички раководител Љубомир Триуфуновски.На 24 ноември во пријатна едночасовна средба, Претседателот на “Per a Pace“, придружуван од својата сопруга Паскал, исто така активна хуманитарка, како и од почесниот конзул на Франција, Калиопа Стилиновиќ, ја искористи можноста пред присутните да го промовира изданието  „Од Корзика до Балканот“. Оваа исцрпно дело низ текст и слики зборува за таа приказна, историја на пријателство и на солидарност, оддавајќи почит и на близу 100 корзикански војници што почиваат на Француските воени гробишта.Посебен дел од средбата беше моментот кога хористите, под водство на диригентката Лилјана Трајковска – Димевски исполнија неколку композиции од својот богат репертоар.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »