Анета и групата “Молика“ од Битола можат да се пофалат дека се едни од најпопуларните музички групи, познати не само во Битола, Македонија, туку и низ цел свет, на сите континенти каде ги забавуваат нашите иселеници, и се добредојдени во секој македонски до, но по едно се единствени, а тоа е што имаа снимено и филм – музичка комедија, во 2012 година, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Филмот беше промовиран во почетокот на декември 2012 година во Големата сала на Центарот за култура во Битола се одржа промоцијата на музичката комедија “Патот на кенгурите“ кој е посветен на падовите и успесите на битолската музичка крупа и нејзиниот вокал Анета Мицевска, кој е работен заедно со актерите од драмското студио “Солза и смеа“ од Битола.
Промоцијата на филмот помина во одлична атмосфера во која публиката се потсети на нивните најзначајни настапи во Босна и во Австралија, а исто така уживаше во музичките нумери кои се изведени во филмот. По промоцијата на филмот следуваше претставување на актерите во филмот, како и екипата која го подготвуваше овој филм.
Александар Димитровски, кој е режисер на филмот и ја игра една од главните улоги, рече дека е задоволен од тоа како поминаа десетте месеци од снимањето на филмот, и се надева дека филмот ќе го видат голем број гледачи.
Главната актерка во филмот, вокалот на групата “Молика“, Анета Мицевска, тогаш, видно возбудено по промоцијата рече дека и било многу полесно да ги отпее овие неколку реченици кои сега сакам да ви ги кажам, за филмот кој е сниман десетина месеци, а најголем дел од сцените се снимани летово, а се снимаше во Битола, Сараево, БиХ, во битолското село Клепач и на други места.

Деновиве пред 10 години: Анета и “Молика“ ја промовираа музичката комедија “Патот до кенгурите“ (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Идеатон“ натпревар на идеи за сообраќајно инженерство и графички дизајн во рамки на 65 години Технички факултет – Битола (фотогалерија)
- ЈКП “Нискоградба“ Битола со известување за дефект
- ЈКП “Водовод“ започна изградба на нова водоводна мрежа на улица 170-та во Битола
- 25 години од заседата кај Вејце каде загинаа четворица битолчани
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 23 степени










