Press "Enter" to skip to content

Пелистер со пресврт до три бода во Пехчево

Локомотива Пехчево – Пелистер 2:3 (1:0)

Фудбалерите на Пелистер од Битола со победа се враѓаат од гостувњето во Пехчево, во рамките на 13. коло од Втората фудбалска лига.

“Пелистерци“ направија голем подвиг и со пресврт од 2:0 дојдоа до триумф 2:3. Домашните фудбалери поведоа пред полувремето, а ја удвоија позитивата во вториот дел. Иакодва гола негатива, избраниците на Секуловски, заиграа посериозно и со три погодоци во мрежата на домаќините дојдоа до голем пресврт и три бода. 

Головите за Пелистер ги постигнаа Наумоски, Маневски од пенал и Петар Љамчевски.

По 13. одиграни кола екипата на Пелистер е на 4. место на табелата со 26 бодови. Лидер е екипата на Вардар со 32 бода, а следуваат Гостивар со 31 и Воска Спорт со 30.

Наредното коло е вечното дерби на македонскиот фудбал, за жал оваа сезона вторологашко, Пелистер под Тумбекафе го пречекува Вардар.

 

More from СпортMore posts in Спорт »