Press "Enter" to skip to content

Марио Танковски: ние сме фаворити и имаме големи шанси да се радуваме

Еурофарм Пелистер од Битола ноќеска, преку Солун, Грција отпатуваа Германија, каде домаќин ќе им биде екипата на Мотор Запорожје од Украина, во рамките на 4. коло од Евро лигата. 

Во натпреварот кој ќе игра, утре, во вторник попладне,  битолчани влегуваат со една, а Украинците без ниту една победа. Марио Танковски верува во победа ако се исполнат инструкциите и замислите на Валтер, и ни рече:

-Натпреварот против Мотор за нас е многу важен, бидејќи со нив ќе водиме битка за продолжување во следната фаза. Се подготвувавме за противникот, претежно составен со украински ракометари, но мислам дека ние сме фаворити и имаме големи шанси да се радуваме. Останаа таму само украински ракометари, со 2-3 странци. Високи и спори се и треба да ги наттрчаме, да играме наш ракомет и верувам дека нема да имаме проблем. Имаме многу повредени ракометари, Суси веќе е опериран и се рехабилитира, Руди Сери мислам дека е загубен за оваа сезона. Имаме проблеми со ротација и мора да играме исти ракометари, десет играчи се здрави и за македонско првенство и за Европската лига. Посебно е напорно овие дваесеттина дена до крајот на полусезоната, бидејќи имаме два натпревари неделно. Мора да се собереме, заедно да смогнеме сили, да ги издржиме овие дваесет дена и ќе биде сè во ред.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »