-Деновиве се уште битолчани се под “влијание“ на последниот “Фестивалот на музика од светот“ кој се одржа во Битола по 14. пат, а ние ќе ги потсетиме како беше и кој настапи на овој Фестивал во 2012 година, односно пред 10 години, на 4. издание, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Фестивалот во 2012 година се одржа од 6 до 8 декември на повеќе сцени, во Големата сала на Центарот за култура во Битола, на алтернативни сцени и во “Порта Џез“, а беше збогатен со повеќедневна официјална програма и придружни содржини во кои настапија музичари од Македонија, Србија и Турција.
Фестивалот беше континуитет на 3. по ред фестивал, а концептот беше да настапат групи и солисти од Балканот и светот. Затоа во официјалната програма настапија Каролина Гочева со композиции од албумот “Македонско девојче“, Васил Хаџиманов од Србија со неговиот бенд кои направија музички колаж со динамична музика и групата “Баба Зула“ од Турција.
Во рамките на фестивалот се одржа и официјална промоција на албумот “Љубојна брас фантази“ во Битола.
[ngg src=”galleries” ids=”1295″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″]











