Press "Enter" to skip to content

Прв меѓународен натпревар во куглање во Битола, играа македонски и босански селекции (фотогалерија)

Вчера во Битола, во кугланата на кугларскиот клуб Пелистер, а после долго време, Кугларската федерација на Македонија создаде услови да биди одигран официјален пријателски натпревар помеѓу најдобрите состави на Македонија и Босна и Херцеговина во машка и женска категорија.Натпреварите беа во Битола на битолската куглана беа одржани откако неодамна доби меѓународна лиценца и се овозможија услови да има натпревари од ваков вид што е за прв пат во кугларската историја на Македонија, ваков дуел да се прави надвор од Скопје.Двата натпревари се регистриран во WNBA NBC (светска кугларска федерација – секција за 9 дрва) и ги водеше главниот судија Дарко Лацковиќ – NBC меѓународен судија.

-Веројатно ќе треба временска дистанца за пореална анализа на сработеното, но горд сум на нашите девојки кои успеаа да донесат победа на Македонија од 5.5 : 3.5 и поддршка за машките сениори кои тесно загубија 3:5. Видовме каде сме, што ни недостига и продолжуваме напред со многу посериозни припреми за Светското првенство во Вараждин, 2023 година. Ова е успех за целокупниот тим на КФСМ, на скопските репрезнтативци и на Дамир Фучкар кој за овој натпревар допатува директно од Загреб како и помошта која ја добив во подготвувањето на кугланата од страна на локалните куглари и кугларки. Благодарност до сите официјални лица кои беа присутни на настанот. Со овој настан доби многу Кугларската Федерација, добивме нови пријатели и соработници, добија репрезентативците, но можеби најмногу доби Битола како град бидејќи ова е за прв пат во историјата на градот да има настан од ваков вид, доби битолската публика која е позната по енергичното навивање и одличен познавач на кугларската игра, а скоро сум сигурен дека најмногу добија најмладите куглари и кугларки кои сонуваат еден ден да го носат националниот дрес и да се натпреваруваат за својата земја, рече Игор Михајловски, престедател на Федерацијата.Натпреварите ги отвори Амбасадорот на Босна и Херцеговина во Македонија, НЕ Драан Јаќимовиќ, кој со своето присуство даде уште поголема тежина на овие два натпревари. Воедно истиот и куглал а кугланата во Бања Лука, па пријатно не изненади со своите кугларски вештини.Селекторот на македонската женска сениорска репрезентација – Перо Гијевски се одлучи за следниот состав: Ивана Трајчевска, Андреа Вељаноска и Стефанија Алексовска, членови на ЖКК Пелистер Пин од Битола и Билјана Гаврилова, Драгана Гаврилова и Данче Наумовска од ЖКК ГТЦ Мусандра.Додека во ревилјаниот дел играа Даниела Ѓуровска и Емилија Переска од Пелистер Пин и Милена Петрески од ГТЦ Мусандра.Во еден крајно интересен натпревар, со резултатска неизвесност до последните кугли, македонските кугларки на крајот успеаа да издвојуваат убедлива победа од 5.5: 2.5 поени, гледано во поени, но со само  11 дрва разлика во предност на Македонија.Покрај официјалниот дел имаше и неформален дел каде беа доделени благодарници, а беа потпишани и меморандуми за соработка. 

Фото: Д. Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »