Press "Enter" to skip to content

Кадетките на Пелистер Волеј продолжуваат без пораз, две нови победи, 23 победи по ред-клубски рекорд

Пелистер Волеј – Риас Волеј 2:0

Пелистер Волеј – Те Волеј 2:0

Во рамките на кадетска државна лига на Македонија, екипата на Пелистер Волеј ги совладаа екипите на Риас Волеј од Струга и Те Волеј од Тетово, во рамките на завршниот турнирот од групната фаза, кој се одигра во Тетово, и во групата фаза се на прво место, пред нокаут фазата во која разигруваат 16 екипи.

Ова е севкупно 16 победа сезонава од исто толку натпревари во млади категории и Пелистер во сите категории завршува како првопласиран во својата група, со нов клубски рекорд во кој сме непоразени скоро цели 2 месеци, односно верувале или не, цели 23 натпревари.

More from ВестиMore posts in Вести »