Press "Enter" to skip to content

“Обоиме во пријател“ слоган под кој Лајонс клубот “Кабадаја“ од Битола за Меѓународниот ден на лицата со попреченост (фотогалерија)

-Традиционално, како и секоја година на 3. декември Лајонс клубот “Кабадаја“ од Битола го одбележа Меѓународниот ден на лицата со инвалидитет со низа активности, традиционалниот марш низ Широк сокак, а беа пуштени шарени балони.Денешните активности организирани  од Здружението за хумантитарни дејности, Лајонс клуб “Кабадаја“ од Битола, започнаа со традиционалниот Марш низ Широк сокак, од хотел “Епинал“ до Офицерски дом во кој учествуваа над 400 учесници, кои потоа ја проследија културно забавната програма, пред Офицерскиот дом, каде во знак на поддршка на лицата со попреченост под мотото „Обои ме во пријател“, а беа пуштени балони во различни бои.-Ова дефиле по Широк Сокак, сакавме да биде, како и секоја година своевиден апел дека лицата со инвалидитет треба да се прифатат како рамноправни членови на заедницата. Во дефилето имеше ученици од основните  училишта, заедно со децата од Заводот за деца со оштетен слух и говор “Кочо Рацин“ од Битола. Сите деца се соединија на платото на ОФицерски дом, каде беа пуштени во воздух разноболни балони, како симбол на нашето мото, “Обоиме ме во пријател“, рече Наташа Грамосли од Лајонс клубот “Кабадаја“.-Светското население веќе изнесува над 8 милијарди луѓе. Над 1 милијарда или 15% од светското население живеат со некоја форма на попреченост. 80 проценти од нив се во земјите во развој. Одбележувањето на трети декември како Меѓународен ден на лицата со попреченост започна во 1992-ра година кога Генералното собрание на Обединети нации го усвои овој датум. Целта е да се зборува и да се промовираат правата и благосостојбата на лицата со попреченост во сите сфери на живеењето. Да се зголеми свеста за многубројните ситуации со кои секојдневно се сретнуваат лицата со попреченост. И најважно од се, да се зборува за ова и да се работи на подобрување на општеството секој ден и од секого. Наставници, професори, здруженија на граѓани, политичари, да подадеме рака и секој ден да правиме се што можеме за да го подобриме животот на сите лица и целосно да ги вклучиме лицата со попреченост во општеството, додаде Мими Талевска, од Лајонс клубот “Кабадаја“.

Присутните ги поздрави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој рече:-Денешниот настан е уште една потврда на нашето заедништво, пријателство и соработка, низ кои секојдневно настојуваме да создадеме можности за успешност на секој поединец, зошто секој од нас е подеднакво важен. Меѓународниот ден на лицата со попреченост е само еден ден, на кој гласно говориме за предизвиците, но сите денови во годината, наша обврска е колку што можеме повеќе да ги подобриме условите, да овозможиме социјално интегрирање на лицата со попреченост во сите сфери на општеството, како и пристап до сите институции. Верувам дека, овој настан „Обоиме во пријател“ кој има долгогодишна традиција и годинава, преку своите активности, ќе влијае на зголемување на свеста за еднаквост помеѓу сите нас и со таква сплотеност, ќе можеме да зборуваме за нови успешни приказни, кои ќе бидат потврда за успешен инклузивен процес, социјализација и најважно: соработка помеѓу сите нас.На Платото пред Офицерски во име на организаторите  се обрати Гоце Бурзевски, од Гувернерот на Лајонс Дистрикт 132 Македонија, кој ги поздрави присутните и нагласи дека овој позитивен пристап ќе продолжи и општеството ќе го прилагодиме, односно овие деца да не се прилагодуваат, туку обратно општеството да се прилагодува за нив.Виктор Апостоловски беше дел од денешниот настан, а задно со присутните ученици ги испеаја неговите хитови, а обраќањата беа пренесени и на знаковен јазик.

Текст и фото: С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »