Press "Enter" to skip to content

Недим Мустафица: Кожув го добивме рутински, ни недостига една класична “петка“ во ротацијата

Синоќа во Битола, во рамките на 8. коло од домашното првенство екипата на Пелистер го победи Кожув и се лидери на табелата.

Босанскиот интернационалец, Недим Мустафица беше најефикасен во составот на тимот од Битола со постигнати 24 поени, кој по натпреварот рече:

-Уште една рутинска победа за нас, со која ја продолживме победничката низа. Сега нè очекуваат две тешки гостување во Скопје, против Феникс и ТФТ. Заморот се почувствува, но одлично се справивме со тоа, а за тоа како го гледа тимот додаде:

-Ова е втора сезона за мене во Македонија. Во Пелистер има неколку играчи кои што ја водат екипата и речиси на секој натпревар има по еден поединец кој што се истакнува. Ни недостига една класична “петка“ во ротацијата, но со многу борба и игра со срце го надокнадуваме тоа. Се надевам дека за вториот дел раководството на клубот ќе донесе играч на таа позиција, односно доколку заздрави Младеновски ќе бидеме во комплетен состав.

Во следното коло, за пет дена, Пелистер ќе се сретне со Феникс во Скопје, а потоа силите ќе ги одмери со ТФТ.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »