Press "Enter" to skip to content

Промоција на книгата “Бела ноќ, црн ден – Воден“ од Томе Поповски (фотогалерија)

Синоќа во свечената сала на Офицерски дом во Битола  се одржа промоција на книгата “Бела ноќ, црн ден – Воден“ на Томе Поповски, кој битолчани го познаваат како наставник по физика во ОУ “Тодор Ангелевски“ во Битола, од првото вработување во 1961 година па се до пензијата во 1998 година.Промотор на втората книга на Поповски беше Гордана Такец, које нагласи дека книгата “Бела ноќ, црн ден-Воден“ е прозна автобиографска сага инспирирана од трагедијата на македонскиот народ во Егејска Македонија, и дека посебно се израдувале дека ќе промовира книга која не е напишана по чуства, по привиденија, по нешто што сакаме да се случи, туку е дело кое настаната по вистински случувања, а авторот бил дел од тие случувања, трагични за него, за неговото семејство, за македонскиот народ.Иако на свои 90 години, Томе Поповски со многу емоции и со пренесување на многу знаење кое го има со себе, се обрати на присутните, уште еднаш се присети на своето село, родното Јаворани, село во околината на Воден, за нападот на Водев во делечната 1946 година.А токму и со Воден ја започнува книгата, дека градот се наоѓа во Грција, во центарот на централна Егејска Македонија, во округот Пела, на надморска висина од 32о метри, дека има повеќе од 18 илјади жители…-На сите ви се заблагодарувам на присуството, а ќе ви порачам дека, ако некој сака да напише нешто ќе вложи труд, но трудот се испаќа кога делото ќе биде објавено, како моето вечерва. Не сакам да зборувам за содржините на книгите, но надвор од книгите зборувам за Македонските од едната страна на Кајмакчалан и од другата страна, односно од источниот дел на Кајмакчалан и западниот. И тие се Македонци и другите се Македонци, но за ѓал ги дели Кајмакчалан, како да сме два народо. Но, судбината ни е иста, Македонска.Поповски наглади дека за двете книги кои ги обавил ги пишувал по пет години за секоја и има вложено многу труд, а како рече сака присутните да ги пренесе во некое време пред два века, во 1878 година, кога се случува војната помеѓу Русија и Турција на планината Шипка во Бугарија… за Санстефанскиот договор, за довоговор меѓу Русија и Турција… за неговото поништување, за Вардарската долина… за формирањето на ВМРО во Солун…Промоцијата на модерираше Силвана Петрова Насух, која и прочита е делови од книгата, а во продолжение објавуваме неколку фрагменти од книгата.

Во оваа заедничка земјанка се најдоа две одделенија  на 103. бригада која ја изгуби битката на ГРАМОС,  во неа беа  Василка и Димитра и уште пет други борци.  Димитра им раскажуваше  и на останатите: „ Да не се тргнеше маглата  немаше да останат обесени на бодлкивата жица, Јана Сократис и Панајотис, видов како ги фрлија крстовите со динамит, ама митралеските рафали  ги врзаа за жицата. Јана викаше за помош, ама кој да дигне глава? Дожд , лапавица од куршуми, а Кире  столчен го носевме  во искинатото ќебе и во него остави душа.“ Димитра, потоа се расплака, ете таму каде што стоиш  ти, таму стоеше неговата сенка, залепена на  ѕидот и така наеднаш го снема, подземја го ставивме, а некој од страна викна убиен е. Командирот на четата ја откопча чантата и од неа ја извлече замаслената тетратка, плукна на врвот од моливот и нешто запиша. Наместо да запиши тој тргна една црта од едниот до другиот крај на листот од тетратката, човекот го снема во стројот и во тетратката на старешината. А, ладнокрвно рече – закопајте го. Копавме за да го закопаме што побрзо. Набрзина, двајца за назете и еден под мишка го подигнаме  го спуштвме, само лицето му го покривме со парче од изгужвано и искинато кебе и го покривме со земја, белег не ставивме, и тој ќе биде јунак незнаен…“

Василка ја замоли Димитра да продолжи со раскажувањето – зборувај, зборувај вели нешто за  да има што помалку мрак во земјанката, во нашите души и во нашите мисли – Димитра продолжи, како комесарот одржа говор. Тој убаво зборуваше, само се зачудив, зошто на човекот не му ги кажваат убавите  нешта додека е жив: каков е, колку вреди? Зарем треба да погиниш за да те откријат другите пропуштените добри  страни, кој си, што си.

Никој не зборува за негативни  страни, фрли му  две три лопати земја и толку, ќе му ги покрие сите слабости.

„Човекот треба да го снема и да биде очистен од сите зла и  пороци,само тогаш е чист“.

Димитра и  Василка веќе десет дена пак се заедно, од болницата во Елбасан. Василка се врати во стројот пред две недели, а Димитра  осмиот ден по враќањето од болницата во Корча. Василка се превиткува од болките во плеќите и десниот колк, ја болат потсечените прсти, во болницата и рекоа дека ќе има болки кога ќе наидува лошо време. Од левата веѓа вдолж образот па се до брадата Димитра има вдлабната исекотина покриена со кафеав струп, тоа е белег од извадените конци.

Тие и другите во земјанката, која на подот е послана со дебел слој од папрат, кој мириса на мувла и кога врне прокиснува во дебели капки вода каи праваат вирчиња, лежат стуткани еден до друг – до Димитра навалена е Маре, се тресе од студ и удира заб од заб. Таа во единицата е веке два месеци, од ланската до оваа есен со стотици,  постари, мажи и жени, недорастени  девојки и момчиња, во смени  пренесуваа оружје и храна.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »