Press "Enter" to skip to content

Акцијата “На кино со баба и дедо“ продолжува во Битола, проекција во кино “Манаки“

-Идејата е прекрасна, многу благородна и со радост ја прифативме. Младите треба да ја црпат својата мудрост од генерациски собираното знаење, порачува директорката на КИЦ – Битола, Лили Бошевска.

По прекрасната атмосфера на вчерашната проекција на “Мирно лето“ во Кинотеката во Скопје, на која можеше да се види публика од различни генерации, акцијата „На кино со баба и дедо“ во среда, 14 ноември продолжува во Битола.

Во битолскиот Културно-информативниот центар во 19 часот ќе биде прикажан македонскиот филм „Дедо и внук“ од 2019 година, режисерско остварување на Илија Пиперковски. Станува збор за емотивна семејна драма, која е во дослух во мисијата на целата кампања:

Идејата на акцијата, која е дел од големата кампања на Халкбанк  „Да ги слушнеме и гушнеме“ е помладите да им укажат почит на повозрасните, покажувајќи им дека а се тука до нив, со желба да поминат што повеќе време заедно.

-Беше навистина прекрасно да се видат баба и внука, дедо и внук, внуци заедно со баба, дедо и своите родители како уживаат во филмот. Имаше и возрасни луѓе кои на кино ги поканиле своите повозрасни роднини и пријатели. Се надеваме дека барем на дел од нив ова ќе им прерасне во некоја мала традиција. Нашата желба е да потсетиме колку е важна таа меѓугенерациска врска за нашето општество, за нашата традиција. Силно веруваме дека сè уште најважните работи за животот ги учиме според онаа народната од колено на колено. Продолжуваме водејќи се од нашиот слоган Важни се луѓето – вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје, организатори на кампањата.

Влезот на кинопроекцијата на „Дедо и внук“ е слободен.

More from БитолаMore posts in Битола »