На 16 декември во 1976 година адвокатите од Битола за првпат формално и правно одлучија да регистрираат Општинска адвокатска организација (ОАО), која имаше за цел да ги штити и да ги застапува интересите на адвокатурата, затоа одржаа свечена седница на Адвокатската заедница на Битола, на која присуствуваа голем број на адвокати од Битола и делегација на збратимената адвокатска комора од Крагуевац, Србија.По тој повод, адвокатите од Битола, преку Адвокатската заедница на Битола, го одбележаа Ден на адвокатурата, во хотелот “Бела куќа“, се потсетија на претходниците, да ги поздрават оние кои бележат јубилеи во работењето, но и тие кои пристапуваат кон адвокатурата, рече претседалот на адвокатската заедница на Битола, Иван Рутевски, кој ги поздрави новите членови, а им го честита јубилејот на адвокатите кои оваа година прославуваат јубилејни години од работењето како адвокати.
На свечениот состанок се обрати адвокатот д-р Никола Главинче, кој зборуваше кратко за историјата на адвокатурата во Битола и пошироко, за големите адвокатски имиња од Битола кои оставиое трага во адвокатурата од Битола уште од минатиот век. Главинче нагласи дека битолските адвокати ја продолжуваат адвокатската традиција во Битола, но и дека и овој состав на адвокати кои сега работат во Битола, се доста квалитетни.
Тој ги повика своите колеги доколку имаат афинитети и време за истражуваат за битолската адвокатура, да публицираат некои дела, а материјали за објавување има многу во Државниот архив во Битола.
На состанокот посебно беше поздравена адвокатката Ирина Ѓоргоновска – Бошевска која прослави јубилеј, 20 години адвокатска работа.
Рутевски и го честита пезионирањето на Даница Ангелевка и Ристо Алексовски кои добија пригодни подароци од колегите и им се обратија, посакувајќи им на сите успешна работа до пензија, но и да се изборат за своите права и правата на клиентите. Пензија си заминаа и Милчо Гроздановски и Тања Аговска.
Нови адвокати во Битола се: Анета Петковска, Сашка Талевска, Кристина Митревска, Николина Трпковска, Петар Кушевски и Мартин Кашјак.
На свечениот состанок беа присутни и колегите, адвокати од Крагуевац, Србија, со кои се збратимени од 2005 година, Звонко Марковиќ, Милован Мики Стојановиќ, Борис Рибаровски и Милија Симиќ.Рутевски им се заблагодари и за помошта при вакцинирањето кога на сите адвокати од Битола им обезбедија бесплатни вакцини во Крагујевац, а тие возвратија дека оваа соработка која се случува помеѓу овие две адвокатски комори е пример за сите, која треба и понатаму да се негува.
По свечениот состанок следуваше и традиционалната адвокатска забава која беше отворена со песната “Ако одам во Битола“ која ја има напишано адвокатот Петар Георгиев – Калица.
Текст и фото: С. Ристевски