Press "Enter" to skip to content

Бабунски прозиваше, Пелистер во Битола ги започна подготовките (фото)

Денес под Тумбекафе во Битола, новиот тренер на Пелистер, денес ја имаше првата средба со фудбалерите и по прозивката го одржа и првиот тренинг во Битола. На првиот состанок во клубот новиот тренер го претстави директорот Ванчо Мицевски кој на фудбалерите им ги честита новогодишните и божикните празници и им рече:-Сакам да ви посакам среќна нова година, да имате успешна година на секој план, успешна сезона со добро здравје и без повреди. Оваа година зимските подготовки ги започнуваме со нов тренер, Бобан Бабунски, познато име македонскиот фудбал, а што се однесува пак до амбициите на клубот, и секако на сите нас, тоа е враќање во Првата лига, таму каде што му е местото на Пелистер. 

Бабунски на првата прозивка на фудбалерите им рече:

-Ги гледав скоро сите натпревари на Пелистер и сакам да кажам дека покрај тоа што има Пелистер традиција има и добар квалитет, имате потенцијал и се надевам дека најдоброто што ги имавме да го продолжиме, да го поттикнеме да биде во континуитет. Ќе гледаме прво резултат, а како да дојдеме до тоа ќе се договараме на терен, на табле или во разговори. Во секое време можете да ме побарате да размениме мислења, а ќе се адаптираме на вашиот квалитет. Имам идеја која сакам да ја спроведам и со која се согласи и Управата на клубот. Подготовките ќе бидат повеќе фудбалски, а сакам секој да се подобри и да биде дел од тимот.

По првиот состанок со фудбалерите Бабунски одржа и средба со новинарите при што за неговото доаѓање во Битола рече:-Изненадно дојде до договорот, ме повикаа да дојдам. Ми се допадна идејата за Пелистер, ги одгледав натпреварите, па дојде до договор. Идејата на управата е да се разбуди и поттикне екипата. Знаат каква игра форсирам, а свесен сум дека целта на Пелистер е влез во Прва лига. Јас се нафатив на таа одговорност, иако таа е и на играчите и на управата. Сега ја имаме и општината зад нас која се нафати да го покрие финансискиот дел, тука се познатите имиња во структурите на клубот, како и прекрасните навивачи. Сакам да се обидам да направам нешто во навистина среден клуб.  Ја паметам играта на Пелистер и од играчките денови и од тренерските, тие играле најубав фудбал за око, ефикасен и ефективен. Поради тоа, решив дека треба да се обидам и дека е вистинско време за спојување.Бабунски за играчкиот кадар и за подготовките додаде:

-Оставам на управата да се грижи за играчкиот кадар. Јас ги видов играчите, сакам да видам дали можам да ги поттикнам да играат подобро, бидејќи голем дел се со прволигашко искуство. Тие играа добро, меѓутоа мора да се оди на секој натпревар со 200% од можностите без разлика на противникот и во континуитет. Нема пардон, пролетната сезона е таква и секој натпревар е „живот или смрт“. Сакав првата фаза на подготовките да е во Битола за адаптација. Потоа претпоставувам ќе заминеме во Охрид или Дојран, а имаме закажани и пријателски средби.

More from ВестиMore posts in Вести »