На првиот работен ден во оваа година, во ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола започнаа со подготовките за вториот дел од сезоната, а на првиот тренинг по прозивката на Ларс Валтер се извршија медицински тестови на ракометарите.
Тренерот Ларс Валтер на ракометарите во спортската сала „Боро Чурлевски“ и им го соопшти планот за зимските подготовки кој ќе се одржат до крајот на јануари. Ракометарите ќе тренираат во следните две недели во Битола, а од 26 јануари во Врбас, каде ќе биде ќе биде базата. На 29 јануари и 2 февруари планирани се и два натпревари од СЕХА Гаспром лигата.
-Почнуваме денес и првата недела ќе биде физички тренинг. Потоа ќе почнеме да се фокусираме на одбраната, иако не се тука сите ракометари заради обврските кон националните тимови. Но, мора да ја одработиме програмата, иако многу напорна ќе биде првата недела. Потоа ќе внесеме повеќе ракомет и тактика на тренинзите и следната недела планираме контролен натпревар против Еурофарм Пелистер 2. На 26 јануари ќе работиме на мал тренинг камп во Србија. Ќе играме СЕХА натпреварите против Војводина и Нексе. Се надевам дека тогаш ќе бидеме во фаза во која треба да бидеме од подготовките, рече на првиот тренинг, тренерот Валтер.
Данскиот тренер очекува дека првите две засилува оваа пролет ќе бидат заздравените Велковски и Суси.
-Ќе видиме како Велковски и Суси ќе реагираат, оваа недела е период на тестирања. По неколку минути можам да видам дека Суси не е на нивото на кое сакаме да биде, но верувам дека во наредните неколку дена ќе биде подобро, додаде тренерот на “пелистерци“.
Еурофарм Пелистер се очекува во февруари да биде комплетен, кога ќе се вратат репрезентативците од Светското првенство. Единствено ќе недостига Руди Сери, кој подолго време ќе отсуствува заради повреда на коленото.
На прозивката отсутни беа репрезентативците Кузманоски, Кизиќ, Пешевски, Павле Атанасијевиќ, Костески (Македонија), Лесјак (Словенија) и Радовиќ (Црна Гора).
Првиот европски натпревар во 2023 година, Еурофарм Пелистер ќе го одигра на седми февруари во Данска против Архус.
По првиот дел од сезоната, Еурофарм Пелистер пренесува максимални три бода во плеј-офот, кој почнува на средината од февруари. Во Европа, битолчани презимија со пет бода по шест одиграни натпревари и на добар пат се да обезбедат место во елиминационата фаза.

Еурофарм Пелистер започна со подготовките во Битола, Валтер стартуваше без репрезентативците (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Се уредуваат добро познатите излетнички места на Пелистер и поставуваат нови инфо-табли
- „Женски Земјотрес“ во Битола ја отвора сцената за гласовите што не смеат да исчезнат
- СВР Битола: во училишен двор 11 годишно дете нападнато со остар предмет
- Денес Пелистер во 14,30 ќе “брка “пет од пет“ во плеј-офот
- Одржан УКЛО тривиум 2026, најдобар оратор Марија Стојановска (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Денес Пелистер во 14,30 ќе “брка “пет од пет“ во плеј-офот
- Екипата на ЕСЗ победник на меморијалниот турнир посветен на загинатите бранители (фотогалерија)
- Пелистер го победи МЗТ сред Аеродром, го симна од првото место и закажа полуфинале со нив
- По триумфот над лидерот, на ред е шампионот, Стајиќ: да продолжиме со добри игри и против МЗТ
- Пелистер ја победи Брера и освои три бода важни за опстанок









