Press "Enter" to skip to content

Од утре пријавивување на конкурсот на Библиотеката од Битола за наградата “Роднокраен автор за 2022“

Националната установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ од Битола прв пат распишува конкурс за доделување на наградата “Раднокраен автор за 2022 година“, која е во рамките на проектот “Роднокрајни средби на битолските писатели од Македонија“

Критериуми за доделување на наградата:

1. Роднокрајниот автор треба да има издадено книга во периодот од 1 јануари до 31 декември 2022 ( прилог- биографија)

2. Добитник на награди (прилог – листа на освоени награди)

3. Други придонеси во книжевноста (прилог – Листа на други ангажмани: членства во жири-комисии, уредништво, преводи, членство во редакции на списанија, учество на манифестации и сл.)

Заинтересираните писатели потребните документи треба да ги испраќаат на електронската пошта nuub.bitola@gmail.com. Конкурсот трае од 16.1.2023 до 31.1.2023

Наградата „Раднокраен автор за 2022“ ќе биде доделена на 25.03.2023 за роденденот на Библиотеката.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »