Пелистер – Гостивар 117:87
Екипата на Пелистер на свој терен во Битола со победа стартуваше во пролетниот дел и славеа над Гостивар со резултат 117:87, во рамки на 12. коло во машката кошаркарска Прва лига и му се реваншира за поразот во 1. коло. “Пелистерци“ дојдоа до победата исполнувајќи ги задачите од тренерот Марјан Илиевски, а Гостивар, не најде решение за нападот на битолчани кои беа расположени и за шут. Екипата на Гостивар само во првата четвртина имаше на два пати минимална предност, а потоа четвртина заврши со 33:21 за Пелистер и познат беше победникот во Битола. одлично играа Каутерс и Мустафица, како и високиот Маслинко, новото засилување, кој доминираше во рекетот. И вториот квартал помина о во доминантна игра на Пелистер, а на одмор се замина со 65:42, или високи 23 поени предност.
Третата четвртона реприза на претходните две, а Пелистер во еден период имаше дури и +28 (89:61). Последната четвртина беше само формалност, а Илиевски им даде шанса на сите кошаркари, кои се снајдоа одлично и оправдано го добија и аплаузите од публиката која и овој пат имаше околу 1.ооо љубители на кошарката.
Кај Пелистер најефикасен Маслинко со 21, Карутес со 19 и Хаџифејсовиќ со 18 поени.