Press "Enter" to skip to content

“Пелистерци“ до петок во Битола, потоа продолжуваат во Охрид, ќе играат 5 контролни натпревари

Фудбалерите на Пелистер од 9 јануари ги започнаа подготовките во Битола под воство на новиот стратег Бобан Бабунски, а под Тумбекафе остануваат до петок за кога го имаат закажано и првиот контролен натпревар во Струга, против екипата на Караорман. 

Втората фаза од зимските подготовки “пелистерци“ ќе ја имаат покрај Охридското езеро, а нивна фудбалска база ќе биде Охрид. Таму покрај одработување на зимските подготовки ќе  одиграат пет контролни натпревари против екипите на Работнички, Брегалница и Победа.

Генералната проба пред првиот дуел во пролетниот дел на ВМФЛ против Кожув ќе биде на 12 февруари против Тиквеш, кога Бабунски треба да одлучи кои ќе бидат стартните единаесетмина. 

Пријателски натпревари на Пелистер:

27 јануари: Пелистер – Караорман
31 јануари: Пелистер – Работнички
4 февруари:  Пелистер – Брегалница
8 февруари: Пелистер – Победа
12 февруари: Пелистер – Тиквеш.

More from ВестиMore posts in Вести »