Press "Enter" to skip to content

Марјан Илиевски, тренер на Пелистер: по патување 17 часа моите кошаркари ја вратија енергијата и се надминаа!

На официјалната прес-конференција по завршување на натпреварот Пелистер – Сапрс во рамките на АБА2 лигата, во кој битолчани убедливо победија со 99-71, за 5. победа сезонава, тренерот Марјан Илиевски ги пофали своите кошаркари, кои патуваа предолго за да стигнат во Бања Лука, при што рече:

-Го отворивме натпреварот летаргично. Сето тоа загрижуваше пред натпреварот, бидејќи патувавме седумнаесет часа и немавме ниту нормален тренинг, ниту одмор. Но, го издржавме тој почетен период, енергијата се врати, па по целиот напор кошаркарите се надминаа, играа како колектив и донесоа победа. Затоа им честитам за победата.

Со овие бодови Пелистер е на чекор до обезбедување место меѓу осумте најдобри, што би значело борба за промоција во АБА лигата и настап во АБА2 друштвото и догодина.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »