Press "Enter" to skip to content

Библиотеката и Организацијата на жени го објавија 10. конкурс за краток расказ

По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Организација на жени на Општина Битола – Битола и НУУБ ,,Св.Климент Охридски,, – Битола распишуваат традиционален литературен конкурс за краток расказ. Оваа година по десетти пат.

Право на учество имаат сите автори кои пишуваат на македонски јазик.

Пропозиции

-Тема – ,, Чест”

-Расказот (во 3 примероци) да е најмногу 3 страници А 4 формат. Се потпишува под шифра и се става во поголем плик.

-Во помал плик се пишува решението на шифрата со име и презиме на авторот, адреса и телефонски број. Малиот плик се става во големиот плик.

-Расказите да се во Word, Times New Roman, фонт 12 и кирилично писмо.

-Конкурсот е отворен од 25 Јануари 2023 год. до 25 Февруари 2023 год.

Доколку ученици испраќаат раскази ги замолуваме да напишат “ученик“ во решението на шифрата.

Се испраќа на следната адреса

Светлана Папачек, Климент Охридски бр. 1, 7000 Битола

Расказите ќе ги оценува реномирана жири комисија. Ќе бидат доделени 3 симболични награди. За датумот на доделување на наградите ќе има дополнително известување.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »