Press "Enter" to skip to content

Прв контролен натпревар и победа на Пелистер во Струга

Караорман – Пелистер 0:1

Фудбалерите на Пелистер од Битола денес во Струга го одигра првиот контролен натпревар против екипата на Караорман, со што ја започнаа втората фаза од зимските подготовки, по одработувањето на подготовките во Битола.

“Пелистерци“ ја забележа и првата победа со минимален резултат од 0-1 со голот на Томе Китановски. Тренерот на Бобан Бабубски им даде шанса сите фудбалери кои се дел од подготвителниот процес. 

Утре екипата на Бабунски во својата нова фудбалска база во Охрид секојдневно ќе тренира, а ќе одигра и неколку контролни натпревари, против Работнички на 31 јануари, Брегалница н 8 феврури и за крај против Тиквеш на 12 февруари.

Инаку, Пелистер по крајот на есенскиот дел е на четвртото место, но не ги крие високите амбиции оваа пролет, влез во Првата лига.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »