Од Нови Сад, Сашо Ристевски
По вчерашното патување од Битола до Нови Сад, Србија и по денешниот претпладневен одмот ракометарите на Еурофарм Пелистер го одработија тренингот пред првиот натпревар во СЕХА лигата против шампионот на Србија, екипата на Војводина.
Попладневниот прв и единствен тренинг на “пелистерци“ под водство на тренерот Ларс Валтер и неговите помошници Божидар Мојсов и Ице Соколевски, помина во одлична атмосфера, а освен вообичаените активности немаше многу работа и за физиотерапевтот Христијан Стојановски.
Ракометарите во одлична атмосфера го очекуваат утрешниот натпревар кој започнува во 18 часот.
[ngg src=”galleries” ids=”1359″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ order_by=”filename”]











