Press "Enter" to skip to content

Валтер и Кизиќ оптимисти пред вечерашаниот натпревар против Војводина во СЕХА лигата

По тринеделна работа во Битола, Еурофарм Пелистер се наоѓа во Нови Сад, Србија каде вечерва го игра првиот натпревар оваа година против Војводина. Тренерот Ларс Валтер за бурниот февруари со многу предизвици во групата на Европската лига, а почнува и домашниот плеј-оф вели:-Тешко е да се подготват овие два натпревари, бидејќи немаме брзина во нозете. Практично ова ни се први натпревари годинава. Суси не е најподготвен, Велковски исто така, па двајцата ќе останат во Битола. Ќе патуваме со здравите ракометари и ќе видиме како ќе одиграме. Репрезентативците се вратија и изгледа дека ќе бидат спремни да играат. Но, ги немавме на тренинг во Битола и првпат ќе ги видиме на патувањето за Нови Сад.  Не сакаме да ризикуваме со Суси, тој е многу важен ракометар за нас и ќе остане да работи во Битола, а за денешната средба додава:

-Го гледав натпреварот меѓу Војводија и Нексе Нашице и можам да кажам дека Нексе не играше како што нормално игра. Војводина играше без репрезентативците, но цела зима се заедно и може да се види дека добро се познаваат, воиграни се и играат убаво. Имаат ритам на натпреварите и во тој поглед се еден чекор пред нас. Треба да играме минута по минута и да видиме што ќе направиме. 

Голманот на Еурофарм Пелистер Кизич за средбта против екипата на Војводина вели:-Дали натпреварите се прерано или навреме не би можел да ви кажам. Голем дел на тимот беше тука од старт на подготовките и имавме доста време да се подготвуваме. Добри ќе ни дојдат овие два натпревари, ни требаат квалитетни ривали за да го подигнеме ниво. Напорно ќе ни биде на три фронти оваа полусезона, но ќе мора да издржиме. Спремни сме, очекуваме да ни се приклучат уште неколку ракометари од повреди и одиме на победи. Војводина покажа дека игра квалитетен ракомет и донесе доста засилувања. Квалитетен тим е, заслужуваат почит. Сепак, ние веруваме во нас и  во Нови Сад одиме на победа. Нексе ни е познат противник, сме играле против нив и во Европската и во СЕХА лигата, Сезонава тимот им е малку изменет, но структурата им е иста“, смета Кизиќ.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »