Press "Enter" to skip to content

Битолската Библиотека бесплатно зачленува деца од предшколска возраст

Се повеќе деца имаат проблем со говорот. Состојбата може лесно да се подобри ако едноставно им читаме и им прераскажуваме приказни. Со читањето им се развива говорот, фантазијата, а со раскажување и тие почнуваат побрзо да спојуваат зборови и да кажуваат реченици.

Затоа Битолската Библиотеката им излегува во пресрет на сите родители и деца, од бебиња до пред поаѓање на училиште за бесплатно зачленување во нашата библиотека. Детето го учи јазикот преку слушањето и гледањето на оној кој што зборува. На детето треба постојано да му се зборува и да се гледа во очи додека му се зборува, да му се читаат приказни, а при тоа да се опишуваат и сликите во сликовниците на јасен и разбирлив говор.

Децата ги сакаат приказните. Бидејќи тие покажуваат интерес за нив, треба да се искористат за развивање на нивниот говор, богатење на речникот и формирање на правилна реченична структура. Со самото кажување на приказните децата се навикнуваат внимателно да слушаат, а со тоа им се дава и пример на говорно излагање за едно доживување или предмет. Покрај тоа, приказните позитивно влијаат на детската фантазија, мислење, внимание и чувствува. Тука треба да се земат во предвид два момента: што ќе им се зборува на децата и како ќе им се зборува, односно изборот на приказните и начинот на кажување на истите.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »